МВР демантира: Заменик директорот на БЈБ не ги ослободил пукачите од Чаир
МНР ги демантира информациите во јавноста дека заменик-директорот на БЈБ ги ослободил криминалците кои пукаа во полицајците во Чаир.
„На 23.05.2022 околу 19.45 часот полициски службеник од ЕВР Чаир во близина на угостителски објект на ул. „М.К. бригада“ во Скопје запрел возило „митцубиши“ кое имало вклучено т.н. флешери. Возачот почнал агресивно да се однесува, а за кратко време на местото на настанот пристигнал и М.Љ. со уште неколку лица, при што физички го нападнал полицискиот службеник. На местото на настанот пристигнале и други полициски службеници. М.Љ. испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од полициските службеници и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени лица. Потоа дошле и други лица, меѓу кои и полициски службеници, по што М.Љ. се дал во бегство.
За М.Љ. бил распишан централен распис, но тој на 24.05. сам се пријавил во полициска станица и за него е изречена мерка 30-дневен притвор, која лицето веќе ја издржува. Обезбеден е пиштолот и видео снимки од настанот, известен е Јавен обвинител, а Единицата за насилен криминал веќе поднесе кривична пријава против М.Љ. по член 383 и по член 396 од Кривичниот законик, како и известување до ОЈО со целокупниот материјал од истрагата.
Во расчистување на случајот од првиот момент е вклучен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР за „Локално“.
Во јавноста имаше бурни реакции, а се појави и видео на кое се гледа дека заменик-директорот на БЈБ интервернира за да се ослободат пукачите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…