МВР за Инфомакс: “Тепаниот” Албанец за кој зборува Таравари физички нападнал полицаец!
МВР го демантира претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, дека припадници на специјалната единица Тигар нападнале и тепале млад Албанец без да му објаснат зошто.
Од МВР велат дека се работи за напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста, според член 383 став 2.
– На 10.12.2022 во 03.00 часот во близина на угостителски објект во Градскиот парк во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Е.И.(24) од Скопје поради физички напад врз полициски службеник кој вршел службени дејствија. Со кривична пријава тој е предаден на ОЈО Скопје, кое поведе постапка за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста според член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, велат од МВР за Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…
Како МВР е надлежно да поднесува кривична…
Левица: МВР не демантира дека тендерот за…
МВР не демантира дека тендерот за партиски…
МВР демантира дека Тошковски го наместил тендерот…
„Во врска со написите на политичката партија…
Лажни полицајци претепале маж во Центар
„На 21 јуни 2025 година, во 16:30…
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…