МВР: Полицијата не донела одлука за отстранување на гостинските навивачи „Балисти“
Во врска со настаните на фудбалскиот натпревар меѓу Брера и Шкендија што се одигра во Струмица и која била причината што полицијата одлучи да ги отстрани гостинските навивачи „Балисти“ од трибината од МВР за ТВ21 велат „полицијата не донела одлука за отстранување на гостинските навивачи „Балисти“ од трибините“.
„Во врска со новинарското прашање Ве известуваме дека полицијата не донела одлука за отстранување на гостинските навивачи „Балисти“ од трибините. Имено, откако од страна на делегатот било побарано навивачите да го тргнат поставеното знаме, бидејќи со неговото поставување имаат сторено прекршок од по член 3 став 1 алинеа 3 од Закон за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, навивачите истото го одбиле, а потоа самоволно си заминале од местото, без интервенција на полицијата, при што помала група навивачи останала да го одгледа натпреварот“, велат од МВР за ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…
Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…
Тошковски се огласи за Груби: МВР има…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…
Од МВР го потврдија грабежот на банка…
Околу 13 часот е пријавен обид за…
Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…
На јавноста ѝ е познато кои двајца…
(Видео) Тошковски со детали за трите акции…
Во изминатите денови МВР во координација со…