МВР потврдија: Приведени се луѓето кои ја обновуваат црквата во Галате!

t

Две лица се приведени попладнево во просториите на Општина Врапчиште, потврдуваат од МВР за Инфомакс. Лицата се приведени откако во текот на вчерашниот ден МВР ги запре активностите за обнова на црквата „Света Петка“ во село Галате по пријава од Општината, а граѓаните денеска се собраа пред Општина Врапчиште за да побараат средба со градоначалникот.

Градоначалникот одбил да се види со граѓаните, кои за Инфомакс изјавија дека нема да си одат додека не остварат средба со него, по што биле приведени од полицијата. Од МВР за Инфомакс велат дека наводно приведените се однесувале агресивно кон полицајците.


– Ве информираме дека денеска во просториите на Општина Врапчиште, каде била присутна поголема група граѓани, две лица се приведени поради непочитување на наредба од овластено службено лице и агресивно однесување кон полициски службеници. Од страна на СВР Тетово се преземаат мерки за расчистување на случајот. – велат од МВР.

Граѓаните кои моментално се пред полициската станица демантираат дека било кој се однесувал агресивно со полицијата, единствено одбивале да си заминат пред да се видат со градоначалникот и да го прашаат како активностите за обнова на црквата се незаконски.

Соопштението на МВР за вчерашниот настан е уште посимптоматично. Од МВР велат дека имало пријава за „наводно“ незаконска градба, тие не се сигурни дека е незаконска меѓутоа вчера беше поставена лента околу црквата, а денес се приведени лицата кои ја организираат обновата на црквата која е уништена во војната во 2001 година.

– Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Тетово во текот на вчерашниот ден (09.09) постапувајќи по претходна пријава доставена до СВР Тетово од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште, направи увид на месноста викана Топли извори (меѓу селата Топлиште и Врапчиште) на локацијата на црквата „Света Петка “, каде што, наводно, според пријавата – се изведувале незаконски градежни работи на црквата.
При увидот полициските службеници разговарале со затекнатите граѓани кои што го чистеле црковниот двор и околината на самиот објект. Притоа не се одземени никакви предмети од затекнатите граѓани, ниту пак е извршено некакво приведување. За настанот е известен надлежен ОЈО. – велат од СВР Тетово за вчерашниот настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР потврдија: Приведени се луѓето кои ја…

Две лица се приведени попладнево во просториите…

(Видео) БРУКА! Приведени граѓаните кои обновуваат црква…

Приведени се дел од граѓаните кои ја…

Папата Франциск ги критикува “нефлексибилните” позиции кои…

Папата Франциск во четвртокот предупреди на нефлексибилните…

Врховната рада усвои предлог-закон за забрана на…

Со 267 гласови „за“ и 15 „против“…

Кај жител на Врапчиште пронајдена дрога

На 29.07.2023 во 12:50 часот во Тетово,…