МВР предупредува: Не отварајте пораки што наводно ви ги испраќа „министерот Тошковски“
Зголемен бројот на измами со фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, граѓаните да не наседнуваат, предупредува Министерството за внатрешни работи.
Од Секторот за компјутерски криминал при МВР известуваат дека главната цел на фишинг-измамите е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница.
– Обидите најчесто доаѓаат преку електронска пошта, но и преку социјалните мрежи, СМС пораки или телефонски повици. Во некои случаи, жртвите добиваат порака дека се предмет на наводни правни постапки за измислени кривични дела и се повикуваат да стапат во контакт со испраќачот преку вибер или телеграм линк. Дополнително, постојат случаи во кои граѓаните добивале пораки наводно испратени од директорот на Бирото за јавна безбедност или од министерот за внатрешни работи, со кои им се соопштува дека се под истрага за извршени кривични дела и дека е потребно да се регистрираат преку е-пошта и да ги достават нивните лични податоци. Овие електронски пораки се класичен обид за измама со цел прибирање на лични податоци за нивна понатамошна злоупотреба – се вели во соопштението на МВР.
Од полицијата апелираат до сите граѓани да бидат внимателни, да не ги отвораат овие пораки и никако да не контактираат со испраќачот преку доставениот линк или да споделуваат лични податоци доколку тоа се бара.
– За да се избегне ризикот од зараза со малициозен софтвер, Секторот за компјутерски криминал препорачува граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки од непознати испраќачи. Дополнително, сакаме да ја информираме јавноста дека ваквите измами честопати имаат меѓународна димензија, бидејќи слични пораки се забележани и во други држави од регионот – се посочува во соопштението на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР предупредува: Не отварајте пораки што наводно…
Зголемен бројот на измами со фишинг-напади и…
СДСМ: Доколку МВР и Тошковски продолжат да…
Опозициската СДСМ најави дека ќе поднесе кривична…
МВР му поднело кривична за местење на…
Актуелниот државен секретар во Министерството за внатрешни…
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
МВР алармира за нова измама: Лажни профили…
Министерството за внатрешни работи алармира за нови…