МВР приведе двајца државјани на Пакистан за криумчарење мигранти

t

На 07.02.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против М.J.(33) и Р.З.(21), двајцата од Пакистан, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, предвидено и казниво по член 418-б став 2 од Кривичниот законик.

На 06.02.2022 во место викано „Свињарска фарма“, атар на с.Речица, кумановско, од страна на полициски службеници од Националната единица за спречување на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе во содејство со СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север биле откриени 15 илегални мигранти од кои 12 лица од Индија, две лица од Пакистан и едно од Авганистан.

Врз основа на преземени мерки за расчистување на случајот, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, било утврдено дека две лица со потекло од Пакистан, кои биле дел од групата, се организатори на криумчарењето.

Имено, со цел стекнување на противправна имотна корист, во улога на водичи, двете лица на 06.02.2022 илегално пренеле преку границата од Р.Србија до кумановско-липковскиот регион група од 13 илегални мигранти, со цел нивно понатамошно превезување до Р.Грција, со крајна дестинација државите на ЕУ.

Двете лица се приведени, а од страна на Судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Можно е враќање на средното полициско училиште

Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…

Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…