МВР: Пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

t

Мобилниот тим „Task Force“ при РЦ за ГР – Исток пронајде дрога и лиши од слобода две лица, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

-Синоќа во 21:05 часот на стариот пат село Тработивиште – Делчево, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force” од РЦ за ГР – Исток ги лишија од слобода 29-годишното лице Д.К. од делчевско село и У.А., на возраст од 26 години, од село во делчевскиот регион. При преглед на паркирано патничко возило „фолксваген голф” со делчевски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. Лицата се задржани во ОВР – Делчево и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕВН Хоум го објави новиот тендер за…

ЕВН го распиша новиот тендер за набавка…

Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени…

Пожарот што избувна во куќи во близина…

ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните…

На прашањето дали отсуството на Северна Македонија…

Ива Михаилова не избегала, тврди Рауфи, судењето…

Ива Михаилова заминала во Бугарија за да…

Трамп изрази сомнеж во изборните резултати откако…

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж во…