МВР санкционираше 238 возачи на територијата на Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 238 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции.
Изречени се и 31 мерка за управување под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум за некористење на сигурносен појас, 15 мерки за користење мобилен телефон, 16 за нерегистрирани возила, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, седум санкции за возач почетник
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични за шестмина возачи за –„безобзирно управување…
Полициски скужбеници од повеќе сектори за внатрешни…
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…