МВР со АПЕЛ до граѓаните: Има лажни покани во врска со наводна тековна истрага- НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ

t

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

-Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите.

Секторот за компјутерски криминал апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Во фокусот е модернизација на инфраструктурата…

Заменик претседателот на Владата и министер за…

Алијанса на Албанците: Амбасадорите насочуваат како треба…

Амбасадорите на нашите пријателски земји и стратешките…

Му дале овци за чување, тој ги…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(62)…

Млад скопјанец преживеал хорор: Го киднапирале и…

Денеска (04.07.2024) во 00:37 часот во СВР…

Злате Мехмедовиќ од СДСМ ќе биде нов…

Доктор Злате Мехмедовиќ ќе биде нов директор…