МВР со полни раце работа изминатото деноноќие: 191 санкција само во Скопје

t

“Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за технички неисправни возила.

Изречени се шест мерки за возач почетник, шест санкции за зборување на мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 20 санкции за управување под дејство на алкохол.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. ” – известуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…