МД „Илинден”-Тирана бара итни мерки од албанската и македонската влада за спас на Преспанското Езеро
Македонското друштво „Илинден”-Тирана бара итна средба на претставници од албанската и македонската влада со цел преземање итни мерки за спас на Преспанското Езеро, пренесува ТВ 21.
– Актуелната состојба со Преспанското Езеро бара итно преземање мерки бидејќи езерото е на чекор до еколошка катастрофа. Тоа е едно од најстарите сочувани тектонски езера во светот, споменик на природата и дом на 1.500 ендемски видови животни. Но, според последната состојба, езерото на одредени места е повлечено и до 300 метри од брегот, стои во соопштението на „Илинден”.
Се оценува дека алармантната состојба со недостиг на вода засекогаш ќе го нарушат и уништат екосистемот на Преспанското Езеро.
-Значењето на Езерото е огромно и за Македонците од областа Мала Преспа кои егзистенцијално се поврзани со Преспанското Езеро. Економските импликации по населението кое живее околу езерото се катастрофални, страда земјоделието, риболовот и туризмот, наведува друштвото.
Согледувајќи ги последиците, сметаат од друштвото, итно треба да преземат мерки за санирање на незавидната состојба на Преспанското Езеро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Во Албанија е идентификуван првиот случај на…
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…
Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање…
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата…