Мега пресметка во Париз, ПСЖ ја пречекува Барселона!
Денеска на програмата се преостанатите два четвртфинални дуели, очите ќе бидат вперени во Париз каде ПСЖ ќе биде домаќин на Барселона, а во Мадрид, Атлетико ја пречекува Борусија Дортмунд.
Синоќешните мечеви од Лигата на шампионите понудија големи возбудувања, но тие се веќе минато, пред нас се два нови дуели.
Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике ќе излезе на мегдан против „своите“, како тренер на ПСЖ ќе се обиде да го елиминира каталонскиот тим.
Барселона имаше променлива сезона, но во изминатите натпревари влезе во солидна форма. Се вратија и дел од повредените фудбалери, па ситуацијата за Чави е значително подобрена.
Мбапе е на излезна врата од ПСЖ, за него ова ќе биде последната сезона во која ќе се обиде да дојде до трофејот од Лигата на шампионите со францускиот тим.
Атлетико Мадрид на Ванда Метрополитано ја пречекува екипата на Борусија Дортмунд. Тимот на Симеоне по одличното издание против Интер со зголемена самодоверба ќе влезе во вечерашниот меч.
Борусија Дортмунд загуби во последното коло од Бундеслигата и излезе од топ 4 позициите, но Лигата на шампионите е друго натпреварување, германскиот тим ќе се обиде да си замине со позитивен резултат од Мадрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
Арсовска: Во право е Кочоска, не нѐ…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…
Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…