МЕГА СКАНДАЛ!!! Градоначалник на Мицкоски доделил тендер на лице вработено во Општината – Еве како коалицијата СДС-ДПМНЕ ја краде државата

t

Градоначалник на Мицкоски доделил огромен тендер на лице вработено во општината, објави движењето Бојкотирам на социјалните мрежи каде прашуваат дали со тоа се официјализира коалицијата СДСМ-ДПМНЕ која ќе ги внесе Бугарите во Уставот.

-Според документите кои ни ги доставија загрижени граѓани, Андон Серемандов, градоначалник на Гевгелија, доделил огромен тендер на фирма на вработен во општината, за да го гради паркот во Гевгелија. А притоа, по квадратура цената е речини 10 пати повисока од цената по која се градат паркови во соседната Општина Валандово.

Фирмата на Панче Киров, Стоунформ, поранешен раководител на урбанизам во Општина Гевгелија е изведувач на паркот од 6000 метри квадратни што почна да се гради пред два дена.

Денес истата фирма е во сопственост на неговата сопруга Александра, а тој како вработен во Општината е одговорен за Локален економски развој. Ова е очигледен конфликт на интереси.

Инаку, изведбата на паркот Општина Гевгелија ја плаќа 6.543.639,73 денари.

Пред само 2 недели Андон Сарамандов склучи официјална коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на локално ниво, а за возврат СДСМ гласа за ребаланс на буџетот со кој платата на градоначалникот Андон Сарамандов се покачува за неверојатни 138 000 денари! Токму во исто време, се склучува и контроверзнит тендер. Панче Киров, бил раководител на урбанизам во Општина Гевгелија за време на владењето на ВМРО-ДПМНЕ и од секоја новоизградена зграда добивал по 1 стан! За време на владеењето на СДСМ ми престанува редовниот работен однос во општината бидејќи тогашниот градоначалник одбива да има било каков контакт со таква кримимогена фигура, но по доаѓањето на Андон Сарамандов се враќа и Панче Киров во Општината.

Се со цел беспрекорно да функционира коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, СДСМ директно добива процент од оваа плачка на народни пари, а затоа упрвилет на фирмата на Киров е поранешниот претседател на СДММ Гевгелија.

Го прашуваме градоначалникот Андон Сарамандов кај кого завршуваат парите на граѓаните, парите на жителите на Гевгелија ?

Зошто на таблата Сарамандов ги навел само инвеститорот, проектантот и надзорот, а не и изведувачот – фирмата на Кирови Стоунформ ?

Јавно го прашуваме Христијан Мицкоски, дали коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на локално ниво е најава за широка коалиција помеѓу двете партии на државно ниво по парламентарните избори, а се со цел промена на Уставот и внесување на Бугарите во него?? – прашуваат од Бојкотирам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…

Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…