Медведев: Доколку европските лидери започнат војна, таа би можела да ескалира во нуклеарна војна
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, вели дека Европа не може да си дозволи војна против Русија, но ако нејзините лидери направат грешка и започнат таква, таа би можела да ескалира во конфликт со оружје за масовно уништување.
На Русија, рече Медведев на Телеграм, не ѝ е потребна таква војна, вклучително и конфликт со „студената стара Европа“.
Тие едноставно не можат да си дозволат војна со Русија, рече Медведев за европските сили, додавајќи дека „можноста за фатална несреќа секогаш постои“, оцени Медведев. „А таков конфликт има апсолутно реален ризик да ескалира во војна со употреба на оружје за масовно уништување“, рече поранешниот руски претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев: Доколку европските лидери започнат војна, таа…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…
„Со Русија или со ЕУ“ – Парламентарни…
Молдавците ќе гласаат на парламентарните избори во…
Вучиќ: Србија е добро место за средба…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија…
Зеленски: Без Кина, Русија е ништо
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…
Русија: За околу еден месец, пациентите можат…
Руските научници се подготвени да започнат со…