Медведев: Доколку европските лидери започнат војна, таа би можела да ескалира во нуклеарна војна
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, вели дека Европа не може да си дозволи војна против Русија, но ако нејзините лидери направат грешка и започнат таква, таа би можела да ескалира во конфликт со оружје за масовно уништување.
На Русија, рече Медведев на Телеграм, не ѝ е потребна таква војна, вклучително и конфликт со „студената стара Европа“.
Тие едноставно не можат да си дозволат војна со Русија, рече Медведев за европските сили, додавајќи дека „можноста за фатална несреќа секогаш постои“, оцени Медведев. „А таков конфликт има апсолутно реален ризик да ескалира во војна со употреба на оружје за масовно уништување“, рече поранешниот руски претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…