Медведев до Трамп: Teшко е да се најде црна мачка во темна соба – особено ако ја нема таму
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев му се потсмеваше на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека САД не испратиле нуклеарни подморници на бреговите на Русија како што вети Трамп.
Во вторник, Трамп го нарече Медведев „глупав човек“ и рече дека преместил „една или две подморници“ на бреговите на Русија. Во август, тој рече дека наредил две нуклеарни подморници да бидат преместени во „соодветни региони“ како одговор на заканите на Медведев.
„Нова епизода од трилер серијата“, рече Медведев на англиски јазик на Икс. „Трамп повторно ги спомена подморниците што наводно ‘ги испратил покрај бреговите на Русија’, инсистирајќи дека биле „многу добро скриени“.“
„Како што велат, тешко е да се најде црна мачка во темна соба – особено ако ја нема таму“, рече Медведев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев до Трамп: Teшко е да се…
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев му се…
Шукова: Вардариште од дива депонија ќе стане…
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја…
Германија, покрај забраната, одобрила извоз на оружје…
Германија одобри извоз на оружје за Израел…
Апасиев: Никој за ништо не е надлежен,…
*Фејсбук објава на претседателот на Левица, Димитар…
Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје поради…
Денеска, во периодот од 10 до 12…