Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест
Денеска, во периодот од 10 до 12 часот, во центарот на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради најавен протест, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Затворен за сообраќај, во насока на движење кон зградата на Владата, ќе биде булеварот „Гоце Делчев“ и тоа во делот од крстосницата со улицата „Филип 2-ри Македонски“ до крстосницата со булеварот „ Св, Климент Охридски“.
Во двете насоки на движење, како што велат од МВР, затворен ќе биде и булеварот „Илинден“ на потегот од крстосницата со „Св. Климент Охридски“ до булеварот „8 Септември“.
Од Секторот за внатрешни работи Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници на терен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дронови го затворија небото над Луксембург: Суспендирани…
Воздушниот сообраќај на главниот аеродром во Луксембург…
Киев може да се соочи со „вистински…
Страв од руски удари врз струјата, водата…
Удар за Европа: Арамко стопира дел од…
Европскиот енергетски пазар добива нов удар во…
„Вашингтон пост“: Пентагон јавно прикажал помал број…
Најмалку 22 припадници на американските вооружени сили…
Мицкоски во Америка со финансиска конструкција за…
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА…