Медведев: Има два начина за решавање на конфронтацијата во светот
Еден од начините за решавање на конфронтацијата во светот е третата светска војна во која нема да има победници, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.
Тој во напис за „Руска газета“ оценува дека тоа би било лошо бидејќи, како што наведува, на победниците воопшто не им се гарантира натамошен просперитет, како што тоа било случај по претходните светски војни.
„Најверојатно, нема да има победник“, смета Медведев.
Според неговото мислење, светот во кој милиони градови би биле во урнатини, а огромен број луѓе би умреле од радијација не може да се смета за победа, пренесува РИА Новости.
Медведев ја гледа долгорочната потрага по најтешките компромиси како уште еден начин за решавање на светската конфронтација.
Тој повика на формирање на нов светски поредок заснован на рамнотежа на интересите на сите земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…