Медведев со честитка до ЕУ: Благодариме што ја јакнете руската економија додека вашата се лизга во рецесија
Рускиот бруто домашен производ (БДП) расте, додека европската економија се лизга во рецесија, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.
„Влезе во сила дванаесеттиот пакет санкции на ЕУ против Русија. Во меѓувреме, европската економија неодоливо се лизга во рецесија“, напиша Медведев на социјалната мрежа „Икс“.
Тој како пример го наведе германскиот БДП, кој падна за 0,2 отсто во вториот квартал и 0,3 отсто во третиот квартал „на годишна основа“. Медведев привлече внимание на падот на БДП на Франција, посочувајќи дека таквиот „лош пад“ на БДП на земјите од ЕУ може да трае до средината на 2024 година.
„Од друга страна, рускиот БДП порасна за 5,5 отсто на годишна основа во третиот квартал и 7,8 отсто во вториот квартал. Сега е време да се размислува за нов пакет санкции против нашата земја. ЕУ, ви благодарам за растот на руската економија“, рече Медведев.
На 18 декември Европската унија воведе нов пакет антируски санкции кои вклучуваат економски и кадровски ограничувања, вклучително и забрана за увоз на руски дијаманти. Лични санкции беа воведени за 147 лица, од кои 61 поединец и 86 организации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…