Мелони: Западот ќе продолжи да ѝ помага на Украина
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска по пристигнувањето на аеродромот Антонов во близина на Киев изјави дека Западот ќе продолжи да дава помош за Украина.
„Украина е дел од нашиот дом и ние ќе го браниме“, рече Мелони во пресрет на првиот самит на Г7 за време на претседавањето со Италија по повод втората годишнина од руската инвазија на Украина, пренесе АНСА, пренесе Танјуг.
Мелони рече дека аеродромот, кој се наоѓа на 10 километри од Киев, е симбол на неуспехот на Русија и гордоста на Украина, алудирајќи на фактот дека руските сили не успеале да го освојат стратешкиот аеродром и да напредуваат понатаму кон Киев.
Таа посочи дека има нешто посилно од проектили и војна, а тоа е љубовта кон својата земја и слободата.
Мелони зборуваше на аеродромот заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други меѓународни лидери кои дојдоа во Киев на втората годишнина од почетокот на војната.
Мелони како претседавач на групата Г7 ќе одржи видео конференција на Г7 на која ќе зборува и Зеленски. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев, по повод одбележувањето на двегодишнината од руската агресија врз Украина, а премиерот на Белгија Александар Де Кроа и канадскиот премиер , Џастин Трудо, меѓу другите, пристигна во таа земја. Мелони претходно изјави за италијанскиот весник Giornale дека Хамас веројатно никогаш немаше да го нападне јужен Израел на 7 октомври, доколку Русија не ја нападне Украина.
„Беше неизбежно вакво сериозно кршење на меѓународното право, згора на тоа, од постојана членка на Советот за безбедност на ОН, да има последици во други области во светот, од Блискиот Исток до Балканот, до Африка“, рече Мелони.
Според неа, доколку меѓународното право не биде повторно воспоставено во Украина, конфликтите ќе продолжат да се множат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Гром удри на плажа во Италија, најмалку…
Најмалку три лица се повредени денеска, од…
Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!
Земјотрес со јачина од 5 степени според…
Првите Ф-16 пристигнаа во Украина
Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…