Мелони: Нема да дозволам Италија да стане „европски бегалски камп“
Италијанскaтa премиерка Џорџa Мелони изјави во Њујорк дека нема да дозволи Италија да стане „европски бегалски камп“.
Мелони, која присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации, рече дека зголемениот прилив на мигранти на островот Лампедуза ја стави Италија под „неодржлив притисок“.
Мелони ги отфрли критиките за меморандумот за разбирање што ЕУ го потпиша со Тунис за да ги спречи шверцерите на мигранти да ги користат туниските брегови за заминување на бродови преку Медитеранот и нагласи дека договорот мора да се спроведе.
Премиерката, која имаше клучна улога во постигнувањето на тој договор, рече дека слични договори треба да се постигнат и со други земји.
Италијанската премиерка истакна дека сега е заинтересирана да види како солидарноста што ја покажуваат многу земји во однос на мигрантската ситуација во Италија ќе се претвори во конкретни акции.
Италијанската влада усвои мерки во понеделникот во обид да го намали приливот на мигранти, откако рекорден број од нив, околу 11.600, пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза минатата недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…