Мелони предлага проширување на членот 5: НАТО да ја штити Украина и без да биде членка на Алијансата

Италијанската премиерка Џорџа Мелони предложи да се прошири член 5 на НАТО за Украина, без државата да биде примена во Алијансата и го повтори противењето на нејзината влада за распоредување европски трупи во Украина на вонредниот самит што се одржа во четвртокот во Брисел.
„Многу сум збунета околу европските трупи, мислам дека тие не се ефикасни“, рече Мелони за можноста за нивно распоредување во Украина, како дел од мировните напори, пренесува Анса.
Таа рече дека во тој случај ќе ја „отфрли“ можноста за испраќање италијански војници во Украина и рече дека „подобро е да се размислува за долгорочни решенија“. Според италијанската премиерка, тоа можело да биде продолжување на колективната безбедносна заштита на НАТО од членот 5 на Украина, без да се даде полноправно членство во Алијансата, во која се вели дека нападот врз една членка на НАТО се смета за напад врз целата Алијанса.
„Ова не е исто што и приклучувањето кон НАТО, но на Украина би и го обезбедил истиот безбедносен чадор што го имаат земјите од НАТО. Тоа би обезбедило стабилни, долгорочни и реални безбедносни гаранции, повеќе од некои од предлозите што ги гледам сега. Тоа е една од идеите што ги презентираме“, објасни Мелони.
Мелони, на маргините на самитот за безбедност и Украина, исто така рече дека е против употребата на европските кохезиски фондови како дел од предложениот план за оружје „ReArm“, кој во вторникот го лансираше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и го поздрави фактот што е прифатен предлогот на Италија дека тие не можат да се користат против волјата на членките.
Европската комисија предложи парите што земјите ги добиваат од кохезионите фондови на ЕУ со цел да се изедначи животниот стандард низ Европа, да може да се користат за одбранбени цели.
Предлогот на Комисијата е и нов инструмент со кој на земјите-членки ќе им се обезбедат заеми поддржани од буџетот на ЕУ во износ до 150 милијарди евра.
Овие планови на ЕУ за зајакнување на европската безбедност би можеле да мобилизираат близу 800 милијарди евра, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во соопштение за медиумите, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Туск: Посветеноста на НАТО во одбрана на…
НАТО има витален ангажман за заштита на…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…
Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…
Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…
При напад на руски дрон врз Киев,…
Во напад со беспилотно летало на руските…