Објавено на:

Месец дена по нејзината смрт, погребана Меделин Олбрајт: “Нејзината работа е доказ дека САД се добрата страна на светот”

t

Во Националната катедрала во Вашингтон се одржа погребот на Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар во САД. Државниот врв и политичката елита на САД ѝ оддадоа почит на Олбрајт.

Собрани, кои беа околу 1.400 на комеморацијата во Националната катедрала во Вашингтон, беа предводени  од американскиот претседател Џо Бајден и неговите претходници Барак Обама и Бил Клинтон , пренесува Гласот на Америка.

Клинтон во својот говор ја споменал и бистата на Олбрајт, која беше поставена во Приштина.

– Шетавме по улиците на Приштина со претставници на Косово и застанавме на булеварот каде што поставија прекрасна биста посветена на секретарката Олбрајт како дел од работата што таа ја работеше таму. Многу сум горд на животот што го живееше и благодарен сум што Хилари и јас бевме нејзини пријатели, изјави Клинтон.

Присутни биле и трите ќерки на Медлин Олбрајт, додека поранешната државна секретарка Кондолиза Рајс читала делови од Библијата.

Олбрајт почина на 23 март на 84-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кого ќе испрати Македонија на погребот на…

Македонската влада допрва треба да одлучи кој…

Сите големи светски лидери ќе присуствуваат на…

Додека Британија тагува за смртта на својот…

Месец дена по нејзината смрт, погребана Меделин…

Во Националната катедрала во Вашингтон се одржа…