Мехмедовиќ: Тешко се убедуваат граѓаните за вакцина, се намалува бројот на случаи но мора да бидеме претпазливи

t

За 8,7 отсто е намален бројот на новозаболени од ковид во државата, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Во текот на минатата недела од вкупно 7.682 тестирани, позитивни биле 3.477 граѓани. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца има во Кавадарци, Неготино и Охрид. Доктор Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести вели дека пикот веќе е поминат, но сепак мора да бидеме претпазливи.

„Ова е веќе втора недела по ред  како што бележиме пад на бројот на новозаразени што укажува на тоа дека веќе има надолна крива на бројот на новозаразени и тоа значи дека веројатно пикот е веќе поминат и дека веќе можеме да очекуваме состојбата да биде подобра од аспект на тоа како ќе биде епидемиолошката состојба во државата“, вели Мехмедовиќ.

Во моментов во државата граѓаните може да се вакцинираат со четврта доза вакцина против коронавирус и истата може да ја примат лицата над 18-годишна возраст кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Мехмедовиќ вели интерес има само кај лицата кои веќе претходно се вакцинирале и дека тешко е да се убедат да се вакцинираат граѓаните кои досега не се вакцинирале.

„Веројатно е дека во наредниот период нема да можеме да очекуваме зголемување на бројот на вакцинација пред се поради тоа што гледате дека и овој бран почнува полека да ја губи својата сила. Во пресрет на есенскиот бран кој што не знаеме во која форма ќе биде и колку ќе биде тежок и секако дека апелот на комисијата за заразни болести е да се вакцинираат и сите оние кои што не се вакцинирале до сега, оние кои што дополнителна трета или четврта доза да ја примат за да можат да го засилат својот имунитет затоа што не знаеме која варијанта на вирус ќе биде во текот на есенските месеци и дали ќе биде истата која што сега ја имаме во циркулација“, вели Мехмедовиќ.

И додека во Македонија сè уште нема никакви мерки за заштита од ковид, од земјите во регионот во Црна Гора, поради влошување на епидемиолошката состојба, воведено е задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти апелираат до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19. Здравствените власти во Грција, пак, велат дека нивната намера е да не постојат мерки што би биле задолжителни и оти се ќе зависи од ситуацијата наесен, но тие сакаат Ковид-19, иако останува пандемија, да го третираат како ендемично заболување, „каде што нема да има потреба од строги или задолжителни мерки“.

Извор: ТВ 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mexмедовиќ за Фокус обвинyвa за заговop дека…

Доктор Злате Мехмедовиќ од ковид центарот на…