Mexмедовиќ за Фокус обвинyвa за заговop дека некој намepно ги тepa луѓето да се зapaзуваат со омикpoн

t

Доктор Злате Мехмедовиќ од ковид центарот на интерните клиники вели дека во моментот неконтролираното ширење на новата варијанта омикрон значи исклучително многу можности за мутација на вирусот и создавање на нови варијанти, пренесува Фокус.

„Се уште постои емпириска можност за функционално „унапредување“ на САРС-Ков2 и никој не може со сигурност да каже дека тоа нема да се случи, односно дека омикрон ќе биде последната варијанта со која ќе заврши пандемијата.

Мислам дека сериозен проблем преставува промовирањето на тезата за намерна експозиција на оваа условно кажано „лесна-блага“ варијанта на вирусот со цел да се создаде суперимунитет, па дури се промовира и да не се носат маски на затворено, да нема затворање на рестораните и кафаните, како и да не се користат ковид сертификати“, објаснува доктор Мехмедовиќ за „Фокус“.

Според него, повеќето луѓе ги поминале последните две години борејќи се да го избегнат ковид 19, а сега некој ги потикнува да го направат спротивното.

„Таквата девијантна логика е налик на логиката со која родителите намерно ги изложуваат своите деца во средина каде има сипаници за да создадат имунитет, што е апсолутно погрешно. Кажавме дека омикрон е неверојатно високо пренослив и многу луѓе, прележани, вакцинирани и невакцинирани ќе се заразат за време на овој бран“, додава доктор Мехмедовиќ.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица починаа, 151 нов случај на…

Во последните 3 дена (од 27.05 до…

НЕМА ПОЧИНАТИ: Ова е најновата Ковид 19…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Северна Кореја регистрираше скоро 2 милиони пациенти…

Пред само една недела го пријавија првиот…

Позната е новата ковид статистика

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Северна Кореја пријави околу 270.000 нови случаи…

Северна Кореја пријави уште 269.510 случаи со…