Мециновиќ: Ако продолжат ДПМНЕ да му бидат сватови на свадбарот-спикер, ќе го заиграат и предвременото оро
Скандал се случи викендов кога претседателот на Собранието, Африм Гаши, со службено возило и државно обезбедување одел на свадба во Косово, а за сопствените приватни потреби го блокирал целиот граничен премин.
Портпаролот и пратеник на Левица, Амар Мециновиќ се огласи на социјалните мрежи за премолчувањето на шерифските потези на спикерот Гаши од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако продолжат ДПМНЕ да му бидат сватови на свадбарот-спикер, ќе го заиграат и предвременото оро.“
Од политичката партија Левица уште еднаш го повикаа ДПМНЕ да ја изгласа интерпелацијата на собранискиот спикер по седум точки предложена од нивна страна.
„Дивеењето на коалицискиот партнер на Мицкоски и ДПМНЕ е евидентно уште од конститутивната седница! За збеснатиот Гаши, Левица веќе поднесе интерпелација во Собранието по седум точки и истата чекаме да биде ставена на дневен ред. Бланко – поддршката за избор на претседател на Собранието од редовите на ДПМНЕ останува,“ стои во соопштението на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мециновиќ: Ако продолжат ДПМНЕ да му бидат…
Скандал се случи викендов кога претседателот на…
СДСМ: Ново мафијашко убиство во Скопје, неспособноста…
За неполни 24 часа се случија две…
(Фото) Гази Баба ја надлетуваат полициски хеликоптери…
Полициски хеликоптер е вклучен и трага по…
(Фото) Во пукањето кај Мавровка убиен познат…
Како што дознава Инфомакс во пукање кај…
(ВИДЕО) СДСМ: Скандалот се продлабочува- Приватни возила…
„Според информациите кои од свиркачи се доставени…