(Фото) Во пукањето кај Мавровка убиен познат скопски адвокат – пукано е и на полицијата!

t

Како што дознава Инфомакс во пукање кај трговскиот центар Мавровка утринава е убиен познат скопски адвокат.

Лицето е убиено пред трговскиот центар Мавровка од засега непознати лица. По убиството сторителите се дале во бегство а кога полицијата се обидела да ги уапси тие отвориле оган и кон полицијата, но нема повредени припадници на МВР. Според првичните информации, убиството го извршиле 4 лица.

Потрагата по нив сѐ уште трае.

Ова е второ пукање во последните 24 часа. Вчера било пукано во возило во движење во кое имало две лица, од кои едниот е тешко ранет и е пренесен на натамошно лекување на скопските клиники.

Според неофицијалните и првични информации мета во вчерашниот настан било лицето Н.А. Пукањето се случило кај местото викано Агросервис. На лице место се пронајдени седум чаури.

„На 19 август 2024 година околу 20:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар Александар Македонски од патничко возило во движење било пукано во патничко возило пасат со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија вчера од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп испраќа трет носач на авиони на…

Пентагон испраќа трет американски носач на авиони…

Македонците фрлаат 17 килограми храна повеќе од…

Македонските домаќинства во просек фрлаат по 86…

Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…

Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…

Над 700 милијарди евра ќе се вртат…

Југоисточна Европа влегува во огромен инвестициски циклус…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…