Мециновиќ ја посети Јутонг фабриката за автобуси во Кина
Пратеникот од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, кој е во посета на Народна Република Кина ја посети фабриката за производство на автобуси Јутонг.
– „Пред сѐ, ова беше за мене прв пат да се возам со самоуправувачки автобус, а покрај тоа производствените капацитети кои денес ги видовме се нешто што немам видено досега и служат како доказ зашто оваа компанија е лидер во индустријата.
Мислам дека Скопје навистина би имало голема придобивка од овој тип на модерни нови автобуси затоа што сите веруваме дека квалитетен јавен транспорт е неопходен за квалитетен живот за граѓаните.”
Пратеникот Мециновиќ оствари средба со раководството на фабриката како и со претставници од одделот за меѓународна соработка со југоисточна Европа. Се разговараше за претходната соработка, од пред една деценија, и за потенцијалот за повторно окрупнување на јавниот превоз во Скопје со овој бренд на автобуси.
ДПМНЕ и СДС со години ја блокираат набавката на нови автобуси за Град Скопје – ова неодговорно однесување најмногу удира по секојдневието на граѓаните. – изјави Мециновиќ за кинеските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
САД и Кина започнаа нова рунда трговски…
Кина и САД започнаа нова рунда трговски…
САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…
Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…
Девизните резерви на Кина пораснаа на 3,28…
Девизните резерви на Кина достигнаа 3,28 трилиони…