Објавено на:

Мецола: Западен Балкан го забрза својот пат за приклучување кон ЕУ

t

Годинешниот „Преспа форум“ е особено важен, бидејќи се означува петтата годишнина од потпишување на Преспанскиот договор, којшто значи траен мир, стабилност и добрососедски односи во Југоисточна Европа, порача во видео обраќањето претседателката на европскиот Парламент, Роберта Мецола. Забележа дека овој договор е единствена политичка платформа, кадешто се бараат решенија и се разменуваат идеи со цел изнаоѓање на заеднички одговори.

-Политиката за проширување на ЕУ е една од најголемите и трансформативни успеси на ЕУ, многу европејци имаат извлечено корист и придобивки од тоа, потенцираше Мецола.

Забележа дека годинава се одбележуваат 20 години од Самитот во Солун, а токму како што вели, во овие години се вложени многу енергија и ресурси од страна на ЕУ и од Западен Балкан за да се пронајде заедничко решение.

-Постигнат е напредок, но многу често напредокот одеше премногу бавно и имаше многу фрустрации, но таму каде што има волја за помирување има и за пат кој оди напред. Западен Балкан го забрза својот пат за приклучување кон ЕУ, рече Мецола.

Посочи дека во Европскиот Параламент и ова е основната цел, како што рече Босна и Херцеговина доби статус на кандидат, додека граѓаните на Косово не треба да имаат визи за да патуваат во земјите од Шенген зоната.

-Дали она проширено европско семејство до 2030 година е невозможна мисија? Јас мислам дека е мисија, којашто одамно требаше да се случи и затоа треба да ја наречеме завршена мисија. Европскиот Парламент дава трајна поддршка за сите оние коишто сакаат да станат членови на ЕУ, порача Мецола. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…