Меѓу убиените во Цетиње има и двајца малолетници, објавен идентитетот на напаѓачот
Неколку лица, меѓу кои и две деца, загинале во крвавиот напад што се случи попладнето во кафеана во центарот на Цетиње, кога осомничениот чиј идентитет и е познат на полицијата убил четворица мажи, ранил уште две лица, а потоа побегнал од местото на настанот со возило марка „фиат караван“.
Радио Цетиње пишува дека недолго потоа било објавено дека убил и двајца малолетници и ранил една жена. Тамошната полиција информира дека трага по Аца Мартиновиќ од Цетиње.
Полицијата апелира до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност за ставање на ситуацијата под контрола и кривично гонење на сторителите.
-Ова се првите податоци на полицијата на местото на трагедијата, а се стравува дека бројот на жртвите на масовните убиства ќе биде уште поголем, пишува црногорски „Вијести“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓу убиените во Цетиње има и двајца…
Неколку лица, меѓу кои и две деца,…
Неколку лица загинаа во престрелката во Цетиње:…
Неколку лица се убиени денеска во престрелка…
Ѝ пукале во глава додека клечела –…
Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски…
Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…
Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…
Едно лице загина, неколку се повредени во…
Едно лице загина, а неколку се повредени…