Меџити разговарал со Гир за уставните измени : Нашиот пат кон евроинтеграциите и чесно и правично владеење е јасно зацртан

t

Првиот заменик претседател на Владата и истовремено министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, го пречека амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир.

На средбата што се одржа во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање се разговараше за повеќе актуелни теми како што се бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата, уставните измени и владеењето на правото. Стана збор и за општата стабилност и европскиот дух на новата Влада.

Министерот Меџити му се заблагодари на амбасадорот Гир за укажаната поддршка на патот кон членството во големото европско семејство.

Од друга страна, европскиот дипломат уште еднаш истакна дека граѓаните на Северна Македонија го заслужуваат најдоброто и дека очекуваат Владата максимално да се посвети во извршувањето на своите обврски.

Министерот Меџити упати благодарност за досегашната поддршка на ЕУ Делегацијата во реализација на капиталните инфраструктурни проекти, како и во процесите за пристапување на нашата држава кон Европската Унија.

На средбата се дискутираше и за статусот на тековните проекти и за предизвиците во реализацијата на Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција во рамки на ИПА II. Идентификувани се предизвиците и се реафирмираше личната заложба на министерот Меџити и на Владата за надминување на истите и за забрзување на процесите за реализација на активностите од ЕУ програмските документи преку кои се користат средства од ЕУ фондовите.

На крајот, министерот Меџити вети дека максимално посветено ќе работи за да покаже како се владее правично, чисто и чесно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице задржано во станица по убиството…

Министерството за внатрешни работи информира дека се…

Се сеќавате на Хакан Шукур? Ердоган му…

Хакан Шукур речиси една деценија не живее…

ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе ја…

Втор круг од парламентарните избори во Франција,…

Во Франција денеска се одржува вториот круг…