Меџити: Суспендиран анестезиологот кој ги снимаше пациентките на гинекологија за Тик-Ток

t

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, на денешната прес-конференција изрази жалење за случајот со здравствениот работник во тетовската гинекологија кој ги снимаше пациентките и ги објави на Тик-Ток.

-Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме се за во иднина да не ни се случи вакво нешто, порача министерот.

-Ми се јави на телефон и началникот на СВР Тетово и ми кажа дека здравствениот работник е приведен и ние понатаму се ќе направиме вакви случаи да не се случат во иднина. Во координација сме со многу други институции и со лекарската комора и јас барав веднаш да му се прекине работниот однос и да се одземе лиценцата за работа на овој доктор, изјави министерот Меџити.

Директорот на болницата исто така изрази жалење за настанот и кажа дека самиот го пријавил случајот во полиција откако дознал за истиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест во Тетово: Дали требаше да се…

Во Тетово се одржа протест на група…

Жена прегазена од комбе во Тетово, со…

Вчера околу пладне, 43-годишна жена од Тетово…

Жена прегазила 18-годишна девојка во Тетово и…

Уште еден инцидент со прегазен пешак се…

(Видео) Пожар во трговскиот центар во Тетово

Доцна попладнево избувна пожар во Градскиот трговски…