МЗ: Во Клинички центар ниту се гради, ниту се планира да се градат згради
Во рамки на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби, реагираат од Министерството за здравство, во врска со објавите за наводна изградба на зграда на паркингот кај ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.
– Сите градежни интервенциите што се изведуваат во оваа зона се исклучиво поврзани со здравствената дејност и функционалната инфраструктура на јавните здравствени установи. Во делот на нашите надлежности, ја уверуваме јавноста дека работењето на Клиниката се одвива непречено и пристапот за пациентите е обезбеден, се вели во соопштението од МЗ
Од Министерството за здравство, исто така, посочуваат дека тоа нема надлежност да утврдува урбанистичко-планска документација, да издава одобренија за градење или да определува сопственичко-правен статус на парцели.
-Овие прашања се во надлежност на органите на локалната самоуправа, пред сè Општина Центар, како и на другите институции од областа на урбанизмот и катастарот, стои во соопштението од Министерството за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимовски: Повторно го чистиме сметот на градот,…
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека пет дена…
Герасимовски со засилена акција за чистење на…
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави…
Герасимовски прогласи победа во Центар
Кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски…
Владата планира да набави 100 амбулантни возила…
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Среде Центар натепана 84-годишна скопјанка
Од СВР Скопје информирааат дека вчера околу…