Милан го исфрли Наполи од Европа, Родриго го сруши Челси
Милан за кратко време трипати се радува против Наполи, вечерва одигра 1-1 на „Диего Армандо Марадона“ и обезбеди полуфинале во Лигата на шампионите, таму ќе биде и Реал Мадрид кој со 2-0 славеше против Челси во Лондон.
Наполи изгледаше неверојатно се додека не почна да ги игра дуелите со Милан, росонерите се покажаа како лек за забревтаните Наполитанци кои го завршија настапот во Европа.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас од клупата го почна натпреварот, во игра влезе во 63. минута на местото од Ндомбеле.
Првото големо возбудување на мечот се случи во 22. минута кога Оливие Жиру промаши пенал, неговиот удар го одбрани Мерет. Но Французинот се искупи подоцна.
Во финишот од првиот дел, Рафаел Леао имаше фантастичен трк, претрча повеќе од половина терен, го проигра Жиру кој постигна гол за водство на Милан од 1-0.
Милан играше пожртвувано, одлично се бранеше, па Наполи немаше многу шанси за гол. Но се можеше да се промени во 82. минута кога Наполитанците добија пенал. Сепак, Мањан го одбрани ударот на Квича Кварацхелија и не дозволи да се затресе неговата мрежа.
Во третата минута од судиското продолжение Наполи изедначи на 1-1 со гол на Осимен, но немаше време за комплетен пресврт, тоа беше конечниот резултат.
Милан во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Интер и Бенфика. Нероазурите имаат предност од 2-0 остварена во Лисабон, па доколку утре нема изненадување, ќе гледаме миланско полуфинале.
Реал Мадрид со уште една победа од 2-0 го потврди пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите, овојпат ѕвезда на кралскиот клуб беше Родриго.
Челси имаше неколку одлични шанси, не ги искористи. Казната стигна во 58. минута кога по една брза контра Родриго постигна гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.
На десет минути пред крајот прекрасна акција на Реал Мадрид, Валверде несебично го проигра Родриго кој ги постави конечните 2-0.
Реал Мадрид во полуфиналето за противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен, англискиот тим има предност од 3-0.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…
Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…
Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…
Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…
Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон
Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…
Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…
Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…
Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…
На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…