Објавено на:

Милевски: Ја добивме најтешката можна група но навикнати сме на ваква среќа

t

По ждрепката во Франкфурт за составите на квалификациските групи за пласман на фудбалкото ЕУРО 2024 во Германија, селекторот на Македонија, Благоја Милевски оцени дека неговите избраници ја добиле најтешката група.

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија ждрепката во Франкфурт одлучи да биде дел од групата Ц во која се и екс светските и европски шампиони Англија и Италија, силната Украина и незгодната Малта.

– Фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе, изјави за официјалниот сајт на ФФМ селекторот Благоја Милевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лазаров: Холандија е репрезентација која ја краси…

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров уште еднаш направи ретроспектива…

Само во Македонија: Братучетка на градоначалникот му…

Само во Македонија... Братучетка на градоначалникот му…

Пешевски: Македонија може мирно да спие, во…

Пивотот на македонската ракометна репрезентација, Жарко Пешевски,…

Милевски: Ја добивме најтешката можна група но…

По ждрепката во Франкфурт за составите на…

Селекторите едногласни: Во прв план е фудбалскиот…

На прес конференциите пред одигрувањето на утрешниот…