Лазаров: Холандија е репрезентација која ја краси брза игра, тоа помалку ни одговара
Селекторот на Македонија, Кире Лазаров уште еднаш направи ретроспектива на вчерашното реми со Унгарија и го најави утрешниот натпревар со Холандија која исто така е силна селекција.
Лазаров истакна дека најважно за него е да види борба од ракометарите како што тоа беше случај во вчерашната средба.
„Ќе бидам задоволен ако излеземе на терен и се бориме 60 минути. Важно е да не гледаме на резултатот и да играме како што знаеме и умееме без разлика дали сме во водство или негатива“, изјави Лазаров.
Кога е публиката во прашање, очекува и поголема поддршка.
„Очекувам голема поддршка од публиката, таа ќе ни биде ветер во грб да играме како што знаеме. Холанѓаните не се селекција која крупна и силна, но нив ги краси брза игра и мислам дека помалку ни одговараат како противник“, истакна Лазаров.
Натпреварот против Холандија Македонија го игра утре во терминот одо 18:00 часот, а два дена подоцна не очекува и последниот натпревар од првата фаза против Гвинеја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Холандија планира укинување на 25.000 работни места…
Холандската влада планира до 2035 година да…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…