Милошоски: Власта преговара надвор од Резолуцијата во Собрание и затоа го кријат документот што го испратиле во Бугарија

t

Османи денеска не го направи клучното барање, а тоа е да ги сподели со нас документите кои во декември минатата година кои МНР ги има испратено како официјални одговори во Софија во однос на пакетот 5+1. Бидејќи пратениците се тие кои бираат министри, министрите треба да доаѓаат во Собрание да покажат демократска култура и да ги споделат документите со нас како народни избраници, изјави за „Тема на денот“ во дневникот на Сител, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Милошоски вели дека ако се работи за нацрт документ, тогаш пратениците може да дадат сугестии како да се доработи и подобри и да биде во согласност со изгласаната Резолуција, но штом го кријат постои сомнеж дека е надвор од Резолуцијата.

– Со тоа што Османи потврди дека има таков документ испратен во Софија, а не сака да го сподели, значи дека некој има потреба да крие, а денеска го зголеми сомнежот дека во задкулисните разговори содржат нешто кое излегува надвор од Резолуцијата. Изразуваме загриженост да не бидеме доведени пред свршен чин да имаме документ кој е земи или остави, во кој не може да се интервенира, рече Милошоски.

Тој потсети и на изјавата на Пендаровски кој суптилно во едно интервју на национална телевизија напомена, дека можеби дека некој договор ќе помине со просто мнозинство , знаејќи дека власта нема двотретинско.

Во врска со прашањето за Бугарите во македонскиот Устав, тој рече дека она што го прават Бујар Османи и Ковачевски е надвор од Резолуцијата.

– Резолуцијата која ја донесовме во Собрание, треба да се разговара рамноправно на основа и да има реципроцитет. Не може Македонија 30 години секогаш нешто да отстапува да прави концесии, да попушта и на крај ништо да нема за возврат, изјави Милошоски.

Милошоски вели дека не треба така лекомислено да се даваат било какви ветувања и да се преземаат обврски за дополнително менување на Уставот.

– Што би добиле ние со тоа, дали ќе станеме членка на ЕУ, дали ќе ги признаат Македонците во соседните држави? ВМРО-ДПМНЕ смета дека такви обврски не треба да се преземаат, Уставот беше отворан без да донесе подобрување во реалниот живот и затоа не треба повторно да се отвора и да се додаваат било какви други заедници, народи или што и да е, рече Милошоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…

Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…