Милошоски: Очекувам Бугарија да продолжи со притисокот кон една ваква слаба македонска Влада
Во вечерашното гостување во централниот дневник на Телевизија Сител, гостин беше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во однос на состанокот на советот национална безбедност на Бугарија за прашањето кон Македонија, тој истакна дека состанокот во Бугарија покажува високо ниво на политичко заедништво, кое ние за жал го немаме.
„Состанокот во Бугарија на советот за национална безбедност за прашањето кон Македонија покажува едно високо ниво на политичко заедништво во соседна Бугарија, кое ние за жал го немаме. Ние едвај успеавме после долги убедувања по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ да поминеме една резолуција во македонското Собрание“ , истакна Милошоски.
Милошоски додаде дека ништо повеќе од резолуцијата не се успеало како држава, а тука пред се одговорноста е на претседателот, на Владата, на премиерот, на министерот за надворешни работи да изградиме по силни национални позиции.
„Во овој момент гледајќи ја сервилноста на македонската Влада, но и самата фрагментираност внатре во Владата каде што борбата за фотелја и позиции е посилна од борбата за националните и државни интереси, очекувам Бугарија да продолжи со притисокот кон една ваква слаба македонска Влада. Со тоа Бугарија ќе се обиде да издејствува максимум отстапки од македонската страна со една ваква слаба Влада“, заклучи Милошоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…