Минатата година во Србија имало 4,5 милијарди евра директни странски инвестиции
Изградбата на Националниот стадион во Белград ќе започне на 1 мај во Сурчин, каде што ќе се одржи меѓународната изложба ЕКСПО 2027, објави во петокот српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој најави дека наскоро во Белград ќе пристигнат делегации на грчки инвеститори со премиерот Киријакос Мицотакис. Тие имаат намера да учествуваат во изградба на објекти за ЕКСПО, а се очекува и посета на јапонски инвеститори, кои исто така се заинтересирани за изложбата, пренесува Бета.
Вучиќ рече дека е задоволен од приливот на странски директни инвестиции кој лани изнесувал 4,5 милијарди евра, а во јануари годинава 118 милиони евра.
Претседателот на Србија во своето обраќање до јавноста рече и дека денеска испратил барање до Владата на Србија да размисли за десет отсто зголемување на платите на рударите од Ресавица.
„Рударите од Ресавица не спаѓаат во јавниот сектор каде на сите им се зголемуваат платите. „Отсекогаш сме се погрижиле луѓето во Колубара или некои други важни места да имаат добри приходи“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Тројца уапсени во Србија по пад на…
Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…