Минималецот денес на ред за расправа
Македонското Собрание на дневен ред на денешната пленарна седница ги има измените на Законот за минимална плата со кои таа се зголемува од 15.200 на 18.000 денари. Откако пред два дена измените поминаа на владина седница, претседателот на парламентот Талат Џафери вчера ги добил измените кој со нив го дополнил дневниот ред за седницата закажана за денеска. Од Сојузот на синдикати на Македонија порачаа оти очекуваат пратениците едногласно да го поддржат минималецот од 18.000 денари.
Договорот за покачување на минималецот беше постигнат во понеделникот, по неколку дена разговори меѓу ССМ, Владата и организацијата на работодавци. Според договореното, работодавците ќе ја покачат минималната плата, а за покривање на трошоците за придонесите за работниците ќе помага и државата. Новиот минималец ќе почне да се исплаќа со мартовската плата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собранието утре избира нов министер за здравство
Собранието утре во рамки на 54. седница…
Собранието ќе расправа за интерпелацијата на претседателот…
Претседателот на Собранието Африм Гаши пресече дека…
(Видео) Тепачка во бугарското собрание
Пратениците од десничарската партија Вазраждање предизвикаа уште…
Собранието во понеделник ќе го потврди новиот…
Предлозите на Владата за нов министер за…
Се плашат од протести: Пратениците здружено и…
Во Собранието е предложен закон со кој…