Министерката за труд и социјала уште еднаш се пофали за зголемениот број на социјални случаи
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска посети две еднородителски семејства во Штип, со кои разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат, како и ефектите од социјалната реформа со која се промени целосно пристапот кон ранливите категории граѓани.
Како што соопшти МТСП, таа истакна дека социјалната реформа креирана со цел унапредување на правата и зголемување на помошта за ранливите категории граѓани, дава реални резултати – за 300 отсто зголемена социјална помош, детски и образовен додаток и поголеми права и услуги за лицата со попреченост.
Едното семејство користи надомест поради попреченост на лице со најтешка телесна попреченост, Гарантирана минимална помош, надомест за помош и нега од друго лице, а исто така детето е корисник на услуга дневен престој во Дневен центар за деца со интелектуална или телесна попреченост. Мајката не информираше дека користи и надомест за стечаен работник кој со проширувањето на опфатот на лица кој го направивме го оствари ова право, информираше министерката.
Потсети дека со новото законско решение, дополнителни 1100 стечајци добиваат материјално обезбедување од 9.242 денари месечно.
За другото семејство, мајката која е самохран родител, ме информираше дека за двете деца кои се ученици користат и детски и образовен додаток, мајката е вработена и со измените во Законот за минимална плата, ќе добие зголемена плата од 18.000 денари, рече Тренчевска.
Како што се наведува во соопштението на МТСП, министерката истакна дека Владата и Министерството се отворени и достапни за сите потреби и сите предизвици со кои се соочуваат самохраните родители, како и останатите граѓани на кои помошта им е неопходна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
29 ноември скратено работно време за државната…
Врз основа на заклучоците донесени на 199…
МТСП ќе ги разгледа барањата на пензионерите
Министерката за труд и социјална политика, Јованка…
Се огласија од МТСП: Вонреден инспекциски надзор…
Министерството за труд и социјална политика во…
Тренчевска: Нема ништо неуставно во измените на…
Прекувремената работа дури и со согласност нема…
Тренчевска убедува: И црквата ќе биде вклучена…
Министерката за труд и социјална политика Јованка…