29 ноември скратено работно време за државната и јавната администрација во Скопје, 30 ноември е неработен ден

t

Врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Македонија, одржана на 14.11.2023 година, Министерството за труд и социјална политика известува дека :

сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Истиот нема да се одработува. 

Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, меѓутоа напоменуваме дека НЕ се однесува на јавните предучилишни установи, здравствените установи и безбедносните служби на подрачјето на градот Скопје. 

Информираме дека истите треба да изработат сопствени планови кои ќе овозможат непречено функционирање на установите. Се препорачува општините на градот Скопје и Градот Скопје да ги спроведат заклучоците . 

Воедно се препорачува на приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош  и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „ Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците.

Ваквата одлука е донесена поради 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

29 ноември скратено работно време за државната…

Врз основа на заклучоците донесени на 199…

МТСП ќе ги разгледа барањата на пензионерите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка…

Се огласија од МТСП: Вонреден инспекциски надзор…

Министерството за труд и социјална политика во…

Тренчевска: Нема ништо неуставно во измените на…

Прекувремената работа дури и со согласност нема…

Тренчевска убедува: И црквата ќе биде вклучена…

Министерката за труд и социјална политика Јованка…