Објавено на:

Министерката за финансии на САД: Се очекува пад на економијата, но рецесија може да се избегне

t

Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска изјави дека очекува американската економија да забави во наредните месеци, но дека рецесијата може да се избегне.

„Очекувам економијата да забави. Веќе некое време расте многу брзо, економијата закрепна, како и вработеноста. Очекувам транзиција кон редовен и стабилен раст. Мислам дека рецесијата не е неизбежна“, рече Џенет Јелен.

Таа наведе дека вкупната потрошувачка во САД останува силна со промената на обрасците на потрошувачка, поради зголемувањето на цените на храната и електричната енергија.

Министерката изрази отвореност и за намалување на данокот на гориво. Таа додаде дека ќе бидат потребни „среќа и вештини“ за да се намали инфлацијата додека се одржува ниската невработеност.

„Верувам дека тоа е можно“, изјави Џенет Јелен.

Американската централна банка во средата го одобри најголемото зголемување на каматните стапки во последните 25 години, со цел да се запре растот на инфлацијата.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…

САД ја продолжија националната вонредна состојба во…

МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…

Собранието денеска ги усвои измените на Законот…

Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…

Привремената косовска влада објави дека изборот на…