Министерката за финансии на САД: Се очекува пад на економијата, но рецесија може да се избегне
Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска изјави дека очекува американската економија да забави во наредните месеци, но дека рецесијата може да се избегне.
„Очекувам економијата да забави. Веќе некое време расте многу брзо, економијата закрепна, како и вработеноста. Очекувам транзиција кон редовен и стабилен раст. Мислам дека рецесијата не е неизбежна“, рече Џенет Јелен.
Таа наведе дека вкупната потрошувачка во САД останува силна со промената на обрасците на потрошувачка, поради зголемувањето на цените на храната и електричната енергија.
Министерката изрази отвореност и за намалување на данокот на гориво. Таа додаде дека ќе бидат потребни „среќа и вештини“ за да се намали инфлацијата додека се одржува ниската невработеност.
„Верувам дека тоа е можно“, изјави Џенет Јелен.
Американската централна банка во средата го одобри најголемото зголемување на каматните стапки во последните 25 години, со цел да се запре растот на инфлацијата.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите…
Подобрувањето на животниот стандард е во центарот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…