Министерот не одговара на барањата на синдикатот: Две плати на професионален војник не ја крпат минималната кошничка!
Министерот за одбрана не одговара на барањата на Независниот синдикат на професионални војници, објави Александар Наскоски, претседател на синдикатот.
– Поминаа повеќе од 3 недели откако доставивме барања до министерот за одбрана за
зголемување на платата на сите професионални војници од 30%,
трансформирање на работниот однос на неопределено време и
ПЕНЗИОНИРАЊЕ на професионалните војници како и останатиот активен воен персонал
Како што изјави јавно министерот #ВладоМисајловски сите барања ќе бидат внимателно разгледани
НО
На владина седница беше изгласан буџетот за 2025 година во кој НЕМА предвидено зголемување на платите на вработените во Армијата и МО, а посебно не за професионалните војници …
Очигледно разгледувањето на барањата траело ЕДНА СЕКУНДА , доволно време да се фрлат во корпа за отпадоци
Ете уште еден доказ дека професионалните војници се најдискриминирани и доказ колку го ценат војникот …
Ова е РЕАЛНОСТА, на односот на работодавецот кон припадниците на Армијата !!!
Плата на професионален војник 30.292 денари, цели 11.000 денари под просечната плата во републиката,а синдикалната кошница е 61.000 денари за основни потреби
Две плати на професионалниот војник не се доволни за една синдикална кошница
Ама битно во НАТО сме
НАТО Армија со геврек и јогурт…бурек е скапа опција !!!
25 години на Определено време
На 45 години поклон за роденден на секој професионален војник по една КЛОЦА и под биро за вработување
Заслуга за 25 години служба за државата од државата …
#ВистинатазаАрмијата – стои во објавата на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апокалиптични сцени во БиХ: Дваесет лица мртви,…
Состојбата со поплавите во БиХ е алармантна,…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Британија размислува за испраќање војници во Украина?
Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…
Путин го откри бројот на војници кои…
Русија распоредила повеќе од половина милион војници,…