Министерот Шабан Салиу со службена „шкода“ во суд , осомничен во случајот за дискотеката „Пулс“во Кочани

t

Радио Слободна Европа го „улови“ министерот без ресор Шабан Салиу како доаѓа во суд со службено возило, а е осомничен во случајот за пожарот во Кочани. Други медиуми објавуваат слични можни злоупотреби на службени возила. Тендерот за „обоените“ таблички пропадна, а МВР најде алтернативно решение.

Владината шкода со службениот возач и овој понеделник го чекаше Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, Шабан Салиу пред судот додека тој се пријавуваше дека не е побегнат.

Радио Слободна Европа го фотографираше службеното возило пред судската зграда од кое излезе и во кое влезе министерот за кој има мерки за претпазливост, да се јавува еднаш неделно во судот.

Тој е опфатен со обвинението за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, но како директор на Дирекцијата за заштита и спасување, функција на која беше во периодот од 2008 до 2017 година.

Обвинителството го товари за Тешки дела против општата сигурност исто како и останатите 34 ца обвинети, а обвинението се уште е во фаза на оценка во Кривичниот суд.

РСЕ го праша Министерот зошто со службено возило доаѓа да се пријави во суд кога тоа е негова приватна работа, а тој кусо одговори:

„Па јас сум на работа, од каде знаете за што доаѓам во судот?“, рече Салиу.

Тој не сакаше да даде официјална изјава за РСЕ бидејќи како што рече се наоѓаме на улица.

Радио Слободна Европа испрати и прашања до него на официјалниот е-маил објавен на интернет порталот на Владата, но до објавувањето на текстот одговор не доби.

Од Владата за РСЕ велат дека за сите функционери, важат истите правила и процедури во однос на користењето на службените ресурси.

„Секое користење на службено возило треба да биде во согласност со пропишаните процедури, транспарентно и со јасна намена поврзана со извршување на службените обврски“, се вели во одговорот од Владата.

Инаку ова не е прв пат Салиу да се пријавува во суд доаѓајќи со службеното возило кое го чека неколку минути додека службите го евидетираат, паркирано на автобуската станица пред судот. И минатиот понеделник тој исто така, дојде со истото возило за што РСЕ поседува фотографии.

Министерот без ресор Шабан Салиу, доаѓа во Кривичен суд – Скопје со истата шкода и на фотографии од 21.05.2025
Министерот без ресор Шабан Салиу, доаѓа во Кривичен суд – Скопје со истата шкода и на фотографии од 21.05.2025
Од судот потврдуваат дека Салиу се јавува редовно

Од Кривичниот суд во Скопје за РСЕ потврдуваат дека Салиу мерката за претпазливост ја исполнува два пати во неделата и тоа во понеделник и петок. Таа му е определена откако Апелациониот суд во Штип му го укина притворот а тој се жалеше на ефективниот притвор каде помина еден месец откако беше приведен како осомничен.

„Согласно решението од претходна постапка за определување мерки за
претпазливост, лицето е должно секој понеделник и петок да се јавува на
овластено лице во судот, и согласно проверките редовно се јавува на
обврската“, велат во одговорот од судот.

На новинарско прашање за неговата инволвираност во случајот, како поранешен функционер кој е опфатен со истрагата, Салиу претходно за медиумите одговори дека не чувствува никаква одговорност и дека никој не е виновен додека не се докаже неговата вина.

„Апсолутно не чувствувам одговорност. Верувам во нашата држава, во системот и правосудните органи. Со срце и душа тврдам дека немам вина. Оставам на совеста на државата да одлучи “, рече Салиу (05.06.2025 година).

Обвинителот Љупчо Коцевски претходно за сомнежите во делот за обвинетите од ДЗС рече дека со своето неизвршување на должностите вработените во институцијата и директорите, спротивно на јавниот интерес, во целост го нарушиле системот за заштита и спасување.

„Со тоа во континуитет ги изложиле граѓаните на опасност од непроверени и контролирани објекти од аспект на исполнувањето на потребните законски услови за безбедност, заштита од пожари и опасност по нивното здравје и живот“, рече Коцевски (13.04.2025).

Превземено од Радио Слободна Европа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Шабан Салиу со службена „шкода“ во…

Радио Слободна Европа го „улови“ министерот без…

Украина ќе донесе војна во ЕУ, смета…

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…

Стејт департментот одобри продажба на оружје на…

Американскиот Стејт департмент објави дека одобрил предлог…

Заврши третата рунда преговори меѓу Русија и…

Третата рунда разговори меѓу делегациите на Русија…

Зеленски: Украина на состаноците во Турција ќе…

Украинската делегација за време на разговорите во…