Украина ќе донесе војна во ЕУ, смета Сијарто
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за американската Си-Ен-Ен изјави дека евентуалното членство на Украина во Европската Унија не само што ќе ја ослабне самата Унија, туку ќе внесе и длабоки поделби и конфликти во рамките на европскиот блок, објавува унгарскиот весник ВГ.
„Пристапувањето на Украина нема да ја зајакне Европската Унија – тоа би значело само увоз на вооружен конфликт во нашите граници“, предупреди Сијарто. Тој нагласи дека од овие причини, Унгарија решително се спротивставува на пристапувањето на Киев во ЕУ, оценувајќи дека овој процес не придонесува за европската стабилност, туку напротив – ги продлабочува поделбите и конфронтацијата.
Шефот на унгарската дипломатија особено го критикуваше предлогот на Европската комисија за доделување на над 300 милијарди евра финансиска помош за Украина во следните седум години.
„Ова е и неправедно и неприфатливо за нас. Не сакаме парите на унгарските даночни обврзници да одат во Украина“, порача Сијарто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…