Министерството за економија предлага трговците на мало да работат и во недела

Предлог измени и дополнувања на Законот за трговија, со кои се предлага во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела и за време на празници, достави Министерството за економија до Собранието на Република Македонија.
Измените и дополнувањата на Законот за трговија се доставени до партениците за нивно разгледување и усвојување во Собранието.
Со овие измени се дава можност на сите туристички места што се пропишани со Закон за туристичка дејност, продавниците и дуќаните во кои се врши трговија на мало да можат да работат и во деновите кои се третираат за неработен ден и државни празници во текот на целата година.
Надоместокот од 100 проценти дневница за работа во недела и празници останува за трговците на мало во туристичките места да ја платат на работниците, велат од министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се ограничат маржите на 10 отсто…
Владата го задолжи Министерството за економија да…
Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
Просечната исплатена нето плата во ноември изнесувала…
Во декември годишен раст од 12,4 отсто…
Вкупните депозити на годишно ниво во декември…
Од полноќ повисоки цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со…
Курсна листа: Колку чини еврото денес?
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…