Министерството за здравство ќе распише нов тендер за доизградба на клиничката болница во Штип
Договорот со изведувачот „ИНТРАКАТ“ за новата штипска болница е раскинат на 29 јуни. Потребно е да се направи преглед, односно пресек на активностите, по што ќе се распише тендер за нов изведувач, согласно заклучок од Влада, информираат попладнево од Министерството за здравство.
-Во рок од 42 дена треба да се достави „Проект на изведена состојба“, да се подготви нова тендерска документација и во рок од 30 дена да се објави нова јавна набавка, се додава во соопштението.
Поднесени биле барања за активирање банкарски гаранции, во износ од шест милиони евра и тие се реализирани.
-Рокот за изградба бил 30 јуни 2023 година, а досега се реализирани само 30 отсто, велат од МЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Разбојник нападнал и ограбил девојче во Штип
Во случај забележан во ист ден и…
Омилената докторка на повредените е нова директорка…
Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…