Министерството за труд и социјална политика започна со исплата на дел од надоместоците: Кои граѓани ќе добијат надополнување на сметката?
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2022 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 3 февруари 2022 година.
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 03.02.2022– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
– 04.02.2022– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
29 ноември скратено работно време за државната…
Врз основа на заклучоците донесени на 199…
МТСП ќе ги разгледа барањата на пензионерите
Министерката за труд и социјална политика, Јованка…
Се огласија од МТСП: Вонреден инспекциски надзор…
Министерството за труд и социјална политика во…
Тренчевска: Нема ништо неуставно во измените на…
Прекувремената работа дури и со согласност нема…
Од утре почнува исплатата на Мој ДДВ…
Заменик претседателката на СДСМ во интервју за…